Ви го најавуваме првиот Отворен форум за антикорупција Shtyp
E premte, 24 nëntor 2023 12:35

По повод меѓународниот ден за борба против корупција, на 6 и 7 декември во Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи првиот „Отворен форум за антикорупција“ во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“ и „Регионална мрежа за антикорупција (СЕЛДИ)“. Погледнете ја агендата (на македонскина англиски) за деталите од дводневната програма на форумот. Пријавете го Вашето учество на Отворениот форум за антикорупција.

viber image 2023 11 24 13 24 10 722

Целта на форумот е да се прикаже состојбата со корупцијата во земјата преку заедничка дискусија каде ќе бидат вклучени граѓанските локални и меѓународни организации, медиумите, приватниот сектор и Државната комисија за спречување на корупција. 

На првиот ден од форумот поздравни обраќања ќе имаат: претседателот на Р.С Македонија,  Стево Пендаровски, директорката на канцеларијата на УСАИД во земјава, Џери Дајбл, ќе се презентира „Извештајот за процена на корупцијата“ во земјава за 2023 година, додека на панел дискусиите ќе дискутираме за ветувањата за борбата против корупцијата и можностите за подобрувањето на соработката помеѓу јавниот сектор и граѓанските организации. 

Вториот ден од форумот ќе биде посветен на одбележување на меѓународниот ден за борба против корупцијата (9 декември) каде Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги промовира клучните активности во изминатите пет години од постојниот состав на ДКСК. Исто така, ќе се осврне и на предизвиците во превенцијата и борбата против корупцијата и судирот на интереси, како и на процесот на јакнење на интегритетот, со кои ќе се соочи следниот состав на Државната комисија.

Програмата „Граѓаните против корупцијата“ ја спроведува МЦМС во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачката репортерска лабораторија, (ИРЛ) и Балканската истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД.