Секој трет граѓанин бил дискриминиран по најмалку една основа - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Секој трет граѓанин бил дискриминиран по најмалку една основа PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 05 dhjetor 2023 13:59

Резултатите од спроведеното истражување Барометар за еднакви можности - 2023 г.  покажуваат широко распостранета дискриминацијата, според перцепцијата на јавноста. Според испитаниците, дискриминацијата врз основа на политичка припадност е најчеста и најраспространета (77%), додека дискриминацијата врз основа на етничка припадност е втора најраспространета (53%).  Дискриминацијата врз основа на попреченост е рангирана како трета (49%). Под 50% се и дискриминациите врз основа на возраст (42%), врз основа на религија и уверување (42%), и врз основа на пол (40%).

MCMS6004 Custom

Дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација во 2023 г. е на најниско ниво и изнесува 38%. Резултатите од спроведеното истражување Барометар за еднакви можности - 2023 г.  покажуваат широко распостранета дискриминацијата, според перцепцијата на јавноста. Според испитаниците, дискриминацијата врз основа на политичка припадност е најчеста и најраспространета (77%), додека дискриминацијата врз основа на етничка припадност е втора најраспространета (53%).  Дискриминацијата врз основа на попреченост е рангирана како трета (49%). Под 50% се и дискриминациите врз основа на возраст (42%), врз основа на религија и уверување (42%), и врз основа на пол (40%). Дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација во 2023 г. е на најниско ниво и изнесува 38%. 

Овие и другите наоди од истражувањето беа основа за дискусиите на Конференцијата „Барометар за еднакви можности 2023: од перцепции и искуства до предлози за подобри политики против дискриминација“ што се одржа на 4 декември 2023 година во Скопје. Воведни обраќања на настанот имаа Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). 

MCMS5798 Custom

Во 2023 г. речиси нема разлика во перцепцијата за етничка дискриминација меѓу етничките Македонци/ки (51%) и етничките Албанци/ки (52%). Сепак, споредувајќи ги со истражувањата од претходните години, перцепцијата за дискриминацијата врз основа на етничка припадност се намалила кај етничките Албанци/ки и муслиманите/ките, а се зголемила кај етничките Македонци/ки и христијаните/ките. Во последните пет години, перцепцијата за дискриминација врз основа на попреченост се зголемува и кај женската и кај машката популација, но позачестена е кај жените. Разликата меѓу најстарите (65+) и најмладите (15-24) во перцепцијата на дискриминација врз основа на возраст се зголемува низ годините, и сега изнесува 17 п.п.

„Податоците од Барометарот во однос на перцепцијата на граѓаните за најчестите основи на дискриминација, во најголем дел се во линија со статистиката на Комисијата“, рече на денешната конференција Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според него, податоците на Комисијата исто така укажуваат дека „дискриминацијата  најчесто се случува во областа на работата и работните односи, пристапот до добра и услуги и во медиумите и јавното информирање“.

Screenshot 47

Резултатите од истражувањето покажуваат дека секој трет испитаник бил дискриминиран врз најмалку една од основите кои се предмет на истражувањето (34%). Мнозинството, изјавиле дека не биле лично дискриминирани (65%). Во сите истражувања низ годините, политичката припадност е најчест вид на дискриминација. Во ситуациите кога испитаниците/чките се лично дискриминирани (2009 – 18%; 2013 – 13%; 2018 – 18%; 2023 – 11%) и кога се јавуваат како сведоци на дискриминација (2009 – 25%; 2013 – 18%; 2018 – 22%%; 2023 – 15%). Но во 2023 г. се забележува намалување и во ситуација на лична дискриминација и во ситуација како сведок на дискриминација од 7 п.п. 

Резултатите покажуваат дека испитаниците кои се изјасниле дека биле дискриминирани во последните 12 месеци најчесто биле дискриминирани во јавниот простор (27%), потоа, додека барале работа или биле на работа (23%, 22%, соодветно). Секој петти испитаник/чка изјавил/а дека бил/а дискриминирана од здравствен персонал (21%). А, во 2023 г. гледаме благо намалување во поддршката на сите мерки и активности кои се насочени кон обезбедување еднакви можности при вработување. Најголем број од испитаниците/чките поддржуваат воведување на специфични мерки против дискриминација на работно место врз основа на попреченост (68%) и врз основа на возраст (66%).

Screenshot 46

Веднаш по нив следуваат мерките против дискриминација врз основа пол (63%), па на етничка и религиска припадност (59%) и на основа на политичка припадност (51%).  Поддршката за лицата според нивната сексуална ориентација е постојано најмала во однос на сите останати, и е во континуиран пад низ годините (од 40% во 2009 до 34% во 2023). Охрабрува наодот дека според професијата на испитаниците/чките кај директорите/ките и менаџерите/ките нивото на поддршка за воведување специфични мерки е зголемено во 2023 г., во однос на 2018 г.

 Во последното истражување има големо намалување во поддршката на мерките за обезбедување еднакви можности за вработување на припадниците на помалку бројните заедници. И кај двете најголеми етнички заедници гледаме намалување на поддршката, за 13 п.п. кај етничките Албанци/ки (2018 – 78%; 2023 – 65%) и за 21 п.п. кај етничките Македонци/ки (2018 – 64%; 2023 – 43%).Мнозинство од 73% од испитаниците сметаат дека не се вложуваат доволно напори за борба против дискриминацијата, а има и уназадување во последните 5 години иако има нов Закон за спречување и заштита од дискриминација и Национална стратегија за справување со дискриминацијата. Поразувачки е податокот дека мнозинството на испитаници/чки не ги знаат своите права во случаите кога се жртви на дискриминација (2009 – 56%; 2018 –  52%; 2023 – 50%).

MCMS5887 Custom

 

Мнозинството од испитаниците/чките (57%) изјавиле дека би побарале заштита од релевантни институции доколку бидат жртва на дискриминација или вознемирување. Но, една третина (33%) не би пријавиле. Од испитаниците/чките кои кажале дека би побарале заштита доколку се дискриминирани, вкупно 64% би се обратиле на полицијата која ја сметаат за релевантна институција, надлежна за заштита од дискриминација. Помал број би се обратиле на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (47%). По нив следуваат Народниот правобранител (37%), судот (31%), адвокат (27%) и граѓанските организации (12%). Најретко се споменуваат синдикатите (7%). Меѓу истражувањето од 2018 година и ова од 2023 година, значително е намалена довербата во судовите и граѓанските организации. 

Очигледен е отпорот на испитаниците кон идејата за воведување на трета одредница во официјалните документи покрај тие за маж или жена. Големо мнозинство на испитаниците/чките ја отфрлаат идејата за воведување на трета одредница (79%), а мал број (12%) се спремни да ја прифатат. 

Податоците во истражувањето од 2023 г. беа добиени  помеѓу 25 мај и 12 јуни 2023 година. Анкета ја спроведе агенцијата за истражување на јавното мислење, маркетинг и медиуми БРИМА. Истражувањето е базирано на национален репрезентативен примерок за населението на возраст над 15 години, користејќи метод на анкетирање „лице в лице“ во домот на испитаникот/чката. Во примерокот во 2023 г. се опфатени 1608 испитаници, а маргината на грешка е од ± 2.5% при ниво на доверба од 95%.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Секој трет граѓанин бил дискриминиран по најмалку една основа