МЦМС е новиот Секретаријат на Платформата на граѓански организации за борба против корупција - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС е новиот Секретаријат на Платформата на граѓански организации за борба против корупција PDF Print E-mail
Tuesday, 11 June 2024 10:23

Платформата на граѓански организации за борба против корупција на 7 јуни во Струга одржа редовно годишно собрание на кое се дискутираа следните приоритети и активности на мрежата. Оваа седница на Собранието беше и изборна на која се избраа членови на Одборот на Платформата како и Секретаријат.

3448c62a cfa4 42ae 8bf8 5a71086836bd MCMS 1

За членови на Одборот на Платформата беа избрани претставници од: Институтот за демократија „Социетас цивилис“- Скопје, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански комуникации, Транспаренси Интернешнл Македонија, Асоцијацијата за демократска иницијатива, Коалиција Сите за правично судење, Метаморфозис и Центар за истражување и креирање политики.

За Секретаријат на Платформата едногласно беше избран Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) кој ќе раководи со активностите на Платформата во наредните три години.

4d871dfe 5d84 41c8 aa08 66385e83315c MCMS 1

Платформата ја искажа својата благодарност на досегашниот Секретаријат, Институтот за демократија „Социетас цивилис“- Скопје кој во изминативе шест години беше посветен на координација на активностите и посветено работеше на унапредување на значењето на истата.

Новиот Секретаријат, МЦМС, се заложи дека во наредните три години посветено ќе работи на поттикнување и зајакнување на позицијата на невладините чинители (ГО, медиуми и бизнис заедница) како и на засилување на борбата против корупцијата преку соработка со институциите на централно ниво и локалната заедница. Фокусот на Платформата ќе продолжи да биде и креирање на критична јавност која активно се залага за транспарентност, отчетност, одговорност и интегритет.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МЦМС е новиот Секретаријат на Платформата на граѓански организации за борба против корупција