Извештај за проценката на фискална рамка на граѓанското општество во Албанија

Албанскиот невладиниот сектор, во октомври 2010 година, создаде заедничка иницијатива со владата, со цел да се ревидира и подобри фискалната правна рамка со која се регулира непрофитниот сектор во Албанија.

Како дел од овие напори Партнерс Албанија во соработка и со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество во Албанија организираше серија консултации со секторот на национално ниво со цел да се обезбеди пошироко учество во овој процес за граѓанското општество. Извештајот за фискална рамка на граѓанското општество во Албанија е подготвен од експерти на ЕЦНЛ (Европскиот центар за Не-за-профитно право) во соработка со локални експерти, нарачан од ОСФА.

Извештајот дава преглед на битни прашања кои треба да се решат во фискалните рамки за албанските невладини организации, тој дава осврт кон европските стандарди и најдобри практики, препораки и алтернативи. Овој извештај може да се најде на албански јазик, на веб-сајтот на Партнерс Албанија.

[ПА/ЦПЦД]

joomla template 1.6