Акциска агенда за граѓанско општество: Како да се стигне до зголемено влијание и посилен граѓански ангажман

Забележителното ниско ниво на граѓански ангажман, слабите перформанси на граѓанското општество во Албанија (ориентирано кон финансирање од страна на донаторите) во одржувањето на потребите и приоритетите во локалниот контекст се главните причини за ограничено влијание во процесите на креирање политики и социјален развој.

Со цел да се дискутира за оваа динамика, ИДМ, во соработка со лидери и претставници на граѓанското општество во Албанија, експерти од релевантните државни институции и други претставници од академскиот сектор дискутираа на тркалезна маса за решавање на важни прашања од заеднички интерес, како граѓанскиот ангажман влијание во моментов на граѓанското општество во централното и локалното донесување на одлуки.

Во оваа рамка, ИДМ има објавено политички брифинг во вид на акциска агенда за граѓанско општество: Патот за како да се стигне до зголемено влијание и посилен граѓански ангажман кој резимира неколку клучни прашања за општеството. Краткиот документ нуди на јавниот дискурс мноштво факти и податоци во врска со прашања од јавен интерес, како што се ставовите за демократските принципи, степенот на дискриминација и нетолеранција кон одредени категории како ромската заедница или сексуалните малцинства.

Скептицизмот помеѓу граѓаните за ангажман и доминаното мислење дека "промената доаѓа одозгора" се последица на недовербата во врска со граѓанското општество, управувањето и ниското ниво на доверба во актерите и процесите за креирање на политики. Повеќе информации се достапни на веб-страната на ИДМ.

[ИДМ]

joomla template 1.6