Јавна дебата за учеството на младите во јавните политики, Скадар, Албанија

Европското движење во Албанија (ЕМА), во прмките на проектот за подобрување на партиципативната демократија на локално ниво: Младински едукација и вклучување во институциите на локалната власт, организираше јавна дебата во Скадар, на 29 Март 2011 .

Иницијативата има за цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување на локалната самоуправа преку граѓанското образование во врска со улогата што институциите на локалната власт ја имаат во секојдневен живот.

Европското Движење организира серија на јавни предавања на универзитетите во Тирана, Скадар и Валона, со цел да се зголеми информираноста и свеста на студентите за значењето на нивниот ангажман во локалниот процес на донесување одлуки, како еден од главните темели на функционална демократија. Проектот е поддржан од страна на НЕД (National Endowment for Democracy).

[OneWorldSEE]

joomla template 1.6