Босна и Херцеговина - политичкиот дијалог за сите

Дводневната конференција наречена Политички дијалог за сите: Кои се следните чекори за развој на политички дијалог помеѓу владата и граѓанското општество во Босна и Херцеговина?

Се одржа во близина на Сараево и на 7 април. Конференцијата беше организирана во рамките на проектот Градење на капацитетите на граѓанското општество за нивно учество во политичкиот дијалог на Босна и Херцеговина, финансиран од Европската унија преку програмата ИПА. Конференцијата беше одлична можност за граѓанските организации во БиХ и претставниците на власта да учествуваат во дијалогот за практичните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ја подобрат соработката во донесувањето, спроведувањето и следењето на закони и политики, кои ефикасно ќе ги решат проблемите и потребите од граѓаните на БиХ.

Учесниците на конференцијата имаа можност да ги разменат искуствата за политичкиот дијалог со претставниците на властите и граѓанското општество од Црна Гора, Хрватска, Македонија и Србија. Кликнете тука за повеќе информации.
 
[Европската Делегација на БиХ]

joomla template 1.6