Утрински весник: Граѓаните најмногу веруваат во црквата, а најмалку во судството - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Граѓаните најмногу веруваат во црквата, а најмалку во судството PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 октомври 2007 01:00

Граѓаните не им веруваат многу на институциите. Впечатлива е поголемата доверба на микроплан и на локално ниво, наспроти помалата доверба во големите и во националните институции. Најголема е довербата во семејството, образовните институции и црквите, а најмалку во судството, синдикатите и во партиите. Надвор од државните институции граѓаните најмногу можат да се потпрат на медиумите, а најскептични за кажување на вистината според анкетираните се политичките партии. Ова е генералниот заклучок што може да се извлече од најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка направено во текот на јули кога биле анкетирани 1.601 граѓанин.

 


9386625ef6fd294e8ac39683130c9ec5Во Македонија е релативно ниска општата доверба - 57,3 отсто и довербата во институциите 43,1 отсто. Изразената поддршка по одредени сегменти изгледа вака: со 96,2 проценти семејството е неприкосновено кога станува збор за довербата. Потоа следуваат образовните институции со 68,5 отсто, а по нив војската, полицијата и болниците. Црквите и верските заедници ја уживаат поддршката на 65,6 испитаници, а медиумите добија 52,6 проценти. Најлошо стои судството со поддршка од само 21 отсто. Граѓаните имаат многу мала доверба и во политичките партии, само 23 отсто.

b74a2155e1212a48b7531c64d0b1b78f

Најголем пораст на довербата во споредба со лани бележи Владата која сега има 44,6 отсто доверба, односно за 18 проценти повеќе. Во неа подеднакво веруваат и Македонците и Албанците. Според резултатите од истражувањето, иако Владата има зголемена доверба, сепак се наоѓа во втората половина на листата на доверба во државниот сектор. Пред неа се образовните институции и локалната самоуправа. Послаба доверба граѓаните имаат во претседателот, парламентот и судството. Подеднаква доверба во Владата имаат и Македонците и Албанците. „Истиот тренд може да се забележи и кога станува збор за довербата во полицијата, поточно еднаква е довербата на Македонците и Албанците во полицијата, нешто што не било случај претходно“, вели Александар Кржаловски, координатор во МЦМС.

Од граѓанскиот сектор, покрај црквата која ужива константна доверба, сите други невладини организации бележат пад на довербата. За граѓаните тие се средство преку кое вешти поединци доаѓаат до пари, влијание и моќ, или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации. На оваа листа најлошо котираат синдикатите со само 17,9 отсто доверба и стопанските комори во кои веруваат само 24,3 отсто од прашаните граѓани.

„За граѓаните невладините организации служат како параван и многу повеќе се злоупотребуваат од политичките партии отколку што водат сметка за интересите на граѓаните“, оценуваат во МЦМС. Во однос на етничката припадност на анкетираните, единствено е поделено мислењето за меѓународните организации, Албанците повеќе им веруваат на странците отколку на Македонците.
Извор: Утрински весник (12.октомври.2007)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Граѓаните најмногу веруваат во црквата, а најмалку во судството