Вечер: Расте довербата во Владата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: Расте довербата во Владата PDF Печати Е-пошта
Сабота, 22 ноември 2008 01:00

9f1165be97ba174abd9c5780fcad76bfДоверба во Владата е зголемена кај етничките Македонци и изнесува 56,2 проценти, а е на исто ниво како претходно кај етничките Албанци која изнесува 38,5 отсто.

Довербата на граѓаните во Владата е повисока за 6,4 отсто, односно довербата е зголемена на 51 проценти, за разлика од 44,6 отсто во 2007 година и 26,6 отсто во 2006 година, велат резулатите од испитувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Доверба во Владата е зголемена кај етничките Македонци и изнесува 56,2 проценти, а е на исто ниво како претходно кај етничките Албанци која изнесува 38,5 отсто. Интересно е што Владата има доверба од 35.9 отсто од испитаниците, кои го чувствуваат СДСМ како своја партија.

248f8ed366b99e49be6550860edc33b9

Граѓаните, освен во Владата имаат висока доверба во семејството. Дури 97,8 проценти од анкетираните се изјасниле дека веруваат во семејството. Медиумите ја имаат довербата на 53,6 проценти од граѓаните, а во локалната самоуправа доверба имаат 44,7 отсто од испитаниците. Образовните институции со 65.8 проценти, армијата со над 64 проценти, полицијата 56.6 насто и јавните здравствени организации со 55.1 проценти, ја имаат довербата на мнозинството. Граѓаните најмалку доверба имаат во судството. Само 21 отсто од анкетираните се изјасниле дека веруваат во судството.

 

Извор: Вечер (22.11.2008)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вечер: Расте довербата во Владата