Алфа: Брисел ги оценува реформите за визна либерализација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Алфа: Брисел ги оценува реформите за визна либерализација PDF Печати Е-пошта
Вторник, 20 јануари 2009 14:24
Експертите од Европската комисија денеска со средби со началници во  Министерството за внатрешни работи ја започнаа својата прва оценска мисија за доделување на визна либерализација на Македонија. Европските експерти, главно составени од претставници на чешкото претседателство, побарале нивната мисија да се одвива во тајност. Според информациите до кои дојде Алфа, во разговарите со неколку началници од МВР најмногу се интересирале за безбедноста на личните документи, интегрирањето на граничните премини и нелегалната миграција.

Владата очекува мисијата да пројде во најдобар ред, бидејќи Македонија технички е спремна. Но, невладините организации предупредуваат, Македонија може да добие и негативни оценки, особено во делот на почитувањето на фундаменталните човекови права.

Од друга страна, според Тања Хафнер Адеми од Македонскиот центар за меѓународна соработка, не е доволно само да се констатира дека Македонија е технички спремна во моментов туку треба да има континуитет во реформите.

Експертите од Европската комисија ќе останат во Македонија до крајот на неделава. За дефинтивен извештај, врз основа на кој Европската комисија ќе одлучи дали до Советот на ЕУ ќе прелдожи укинување или не на визнииот режим за Македонија ќе следува уште една мисија во текот на февруари.

 

Мери Бакалова
 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Алфа: Брисел ги оценува реформите за визна либерализација