Почнаа подготовките за новите форумски сесии - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Почнаа подготовките за новите форумски сесии PDF Печати Е-пошта
Среда, 13 јуни 2012 11:26

На 6 и на 7 јуни 2012 година се одржаа состаноците на оперативните групи за општините Делчево и Желино каде МЦМС, во овој циклус, ќе ги спроведува Форумите во заедниците.

IMG 5941

Состаноците на оперативните групи се дел од подготовките за започнување на форумските сесии. На состаноците, членовите беа запознаени со нивните одговорности, начинот на мобилизирање граѓани за сесиите, деталите околу подготовката на сесиите и известувањето за нив итн.

На состаноците им претходеше избор на ко-модератори за двете општини и обуки од страна на Единицата за координација на форумите.

IMG 5927

Заедно со општините беа договорени и термините за првите две сесии. Се очекува, првата форумска сесија во Делчево да се одржи на 15 јуни, а во Желино на 21 јуни 2012 година. Втората сесија во Делчево треба да биде организирана на 6 јули, а во Желино на 18 јули 2012 година.

И во двете општини се спроведуваат проектни форуми. Форумските сесии се очекува да завршат во октомври 2012 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Почнаа подготовките за новите форумски сесии