Нови случувања на полето на антикорупцијата на Балканот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови случувања на полето на антикорупцијата на Балканот PDF Печати Е-пошта
Вторник, 26 октомври 2021 11:13

Во новиот број на билтенот за антикорупција #58 можете да прочитате серија текстови кои се однесуваат на корупцијата во регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа.

58

Дознајте повеќе за работата на организациите членки на СЕЛДИ и нивната улога во спречување на перење на пари, одржување отчетни и транспарентни институции, демократизација и промовирање на човекови права. Дополнително прочитајте за важноста на политичката волја кога станува збор за реформи во Западен Балкан, судските процеси и пресуди на високи функционери во регионот и измена на легислативата. 

Меѓу новите извештаи и анализи од регионот се најдоа резултатите од Глобалниот барометар за корупција, доверба во Владата, анализите за регионалната соработка во Западен Балкан, регионалниот извештај на БЦСДН итн.

Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. 

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови случувања на полето на антикорупцијата на Балканот