Повеќе знаење и вештини за известувањето за повратниците од странските боишта и нивните семејства - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повеќе знаење и вештини за известувањето за повратниците од странските боишта и нивните семејства PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 март 2022 13:41

На 28 и 29 март 2022 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организираше обука за новинари и медиумски соработници на тема: „Улогата на медиумите во превенцијата на насилниот екстремизам и промовирањето на реинтеграцијата и рехабилитацијата на повратниците од странските боишта и нивните семејства“. 

processed a051bc31 cbbe 4c63 a5d0 22466a164afd BeB6cZIR MCMS

Учесниците имаа можност да научат повеќе за тоа што е насилен екстремизам и радикализам, да дознаат што подразбира процесот на реинтеграција и ресоцијализација и како се одвива соработката помеѓу институциите, размената на информации и градењето доверба. Покрај тоа, со обучувачите проф. д-р Никола Дујовски и проф. д-р Марина Тунева, тие разговараа за принципите на известување за екстремизам и радикализам и за некои примери од практиката, особено за тоа како да се избегнат стапиците. Една од темите за дискусија беше и тоа како наративите влијаат во известувањето за насилниот екстремизам и радикализам и како да се креираат наративи кои ќе придонесат за превенција на насилниот екстремизам и радикализам, а во функција на реинтеграција и ресоцијализација.

processed b0f13198 e500 4746 a072 a8d694530ef8 DNjmZahM MCMS

Во практичниот дел тие го анализираа известувањето на медиумите за случаите: „Диво насеље“, „Монструм“, „Келија“ и еден европски случај. Исто така, во игра на улоги, тие направија интервју со повратник од странските боишта и со нивни роднина. 

„Завршивме добра работа и треба да се повторуваат вакви средби особено за помладите колеги“, рече Филјана Кока од Македонската телевизија. Според неа, отвореноста е половина успех во надминување на проблемот. Таа додаде дека е заинтересирана да обезбеди интервју со повратник, „мислам дека на гледачите им е потребно да го видат тоа“, додаде таа.

И Јован Пешевски и Тања Лазаревска Петровска претставници на службите за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи и Генералштабот на Армијата обуката ја сметаат за корисна. „Ми се продлабочија некои сознанија за повратниците. Драго ми е што обуката беше доста проактивна и што разговаравме за тоа колку се неопходно информациите да се точни и да се одбегнува сензационализмот“, рече Пешевски. За Лазаревска, е важно луѓето од институциите да се запознаат со новинарите за да знаат каде да ги упатат прашањата што стигнуваат до нив. 

processed c5019df1 10c0 4fd5 9330 982ef902eb10 tDzDsw0B MCMS

Првиот ден од обуката, учесниците имаа можност да слушнат повеќе за работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБПТ) и да поразговараат со Националниот координатор Златко Апостолски, и замениците Џеладин Ајвази и Златко Арсов.

Обуката беше организирана како дел од активностите на програмата Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) која ја спроведува МЦМС во партнерство со НЕКСУС-граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плеиадес и Хоризон Цивитас. Програмата ја финансира Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ). 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Повеќе знаење и вештини за известувањето за повратниците од странските боишта и нивните семејства