Ланецот за борба против корупцијата не функционира ако затаи барем една од институциите во него - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ланецот за борба против корупцијата не функционира ако затаи барем една од институциите во него PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 април 2022 15:38

Корупцијата е проблем кој нѐ загрижува сите и затоа треба сите заедно, Владата, надлежните институции, невладиниот сектор да работиме на креирање на антикорупциски политики и на нивно доследно спроведување, се согласија учесниците на првиот ден од Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК), што се одржа денес, 5 април 2022г., во хотелот Холидеј Ин во Скопје. 

rabotilnica MCMS

За Вицепремиерката Славица Грковска треба да се работи на воспоставување систем за борба против корупција кој ќе функционира професионално, транспарентно и ефикасно, без да биде зависен од тоа која политичка гарнитура е на власт и од човечкиот фактор, туку од правилата и прописите. 

„Спречувањето на корупцијата е процес во кој треба активно да бидат вклучени сите институции, Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Обвинителството, ДКСК, ДЗР и сите останати институции. Бидејќи ако една од нив затаи, овој ланец не може да функционира соодветно, а процесот нема да биде ефикасен. Заедно со надлежните институции и со граѓанскиот сектор градиме системски пристап во креирањето и имплементирањето на антикорупциските политики “, рече Грковска.

грковска MCMS

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска се согласува дека воспоставување на овој систем е неопходно поради тежината на проблемите што ги предизвикува корупцијата, која ги поткопува институциите, демократските и моралните вредности и правдата. 

„Ова не е локален проблем, туку транснационален, што ги напаѓа сите општества и економии апсорбирајќи значаен дел од јавните пари. За ефикасна превенција е неопходен глобален и мултидисциплинарен пристап, особено непосредна соработка и поддршка меѓу државите и поддршка од граѓанскиот сектор за поефикасно справување“, додава Ивановска. 

Осврнувајќи се на работата на институцијата со која раководи, таа истакна дека иако буџетот наменет за ДКСК се зголемува, нејзините финансиски и човечки ресурси остануваат недоволни, бидејќи нејзините надлежности постојано се прошируваат. И покрај овие проблеми, нагласи Ивановска, Комисијата работи максимално во рамки на можностите, но, потенцира таа, нема задоволувачки одговор од другите органи.

ivanovska MCMS

Министерот за правда Никола Тупанчески се осврна на Конвенцијата на ОН против корупцијата која, како што кажа, претставува единствен, обврзувачки, антикорупциски универзален механизам или инструмент првпат во историјата на човештвото, потенцирајќи дека претставува и сеопфатна алатка за адекватен, соодветен одговор на современите предизвици во борба против корупцијата.

„Овој механизам не само што е релевантен во однос на креирање на политиките за сузбивање на корупцијата, огромен е бројот на членки држави кои го потпишаа како документ, кои го имплементираа во своето законодавство, а и нашата држава не заостанува во однос на она што се нарекува имплементација“, рече Тупанчески.

Во нашата држава, како што истакна, иако има седум институции кои се специјализирани за борба против корупцијата сепак останува и натаму сериозна работа во однос на постигнувањето на целта. Посочи и дека се обидуваат да ги констатираат и решат аномалиите кои произлегуваат од ваквите состојби. „Во моментов веќе е најавено формирање работна група во Министерството за правда во оној дел каде најмногу потфрливме, односно онаму каде треба да биде извршена конфискацијата – работна група за изработка на законот за управување со одземен имот“, најави Тупанчески. 

тупанчески MCMS

Бил Вуд, раководителот на УНОДЦ програмската канцеларија во Република Северна Македонија, истакна дека граѓанското општество е клучен фактор и нивната улога се наоѓа во Центарот на стратегијата на УНОДЦ, потенцирајќи притоа дека тесната соработка меѓу разните засегнати страни вклучително и граѓанското општество е од суштинска важност за да се овозможи соодветна имплементација и политички заложби. Стратегијата на УНОДЦ за 2021/2025, како што вели, има за цел активно да го поддржува граѓанското општеството, медиумите и академијата со цел нивно активно ангажирање во спречувањето и борбата против корупцијата.

„Корупцијата и организираниот криминал се нераскинливо поврзани едно со друго и кога зборуваме за поткуп и сите негови форми и потребата од транспарентност, мора да запаметиме дека организиран криминал вирее во заедници кои се подложни на поткуп, тоа е многу честа алатка во нивниот бизнис модел и затоа е тоа многу важно да го знаеме сите што се бориме против корупцијата и да бараме транспарентност и отчетност“, рече Вуд.

вуд MCMS

Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК) се одржува во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и истата продолжува утре. 

krajna slika MCMS

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ланецот за борба против корупцијата не функционира ако затаи барем една од институциите во него