Засилување на граѓанското општество во Центар Жупа и Градско - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Засилување на граѓанското општество во Центар Жупа и Градско PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 јуни 2024 11:39

Во Општините Градско и Центар Жупа неодамна се одржаа посети во нивните Мобилни ресурсни центри, со фокус на засилување на локалните иницијативи на граѓанското општество и доближувањето на ГРЦ до локалните организации во различни општини давајќи им можност за дискусија за потребите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во своето работење.

mrc gradsko 3 scaled e1717759085428

На средбата во општина Градско од 4 јуни 2024 година најмногу се дискутираше за најголемите предизвици поврзани со задржувањето на младите граѓански активисти. Разговорите се фокусираа на подобрување на механизмите за финансиска поддршка и унапредување на процесите за регистрација на нови граѓански здруженија. Иако недостига формална стратегија за соработка, општината доделува средства и соработува со граѓанското општество преку различни иницијативи и настани. Присутните изразија задоволство со постоечките партнерства, но ја истакнуваат потребата за продолжена поддршка и можностите обезбедени од страна на Центарот за граѓански ресурси.

Истовремено, од средбата во општина Центар Жупа на 10 јуни 2024 година, граѓанските организации, младите активисти и претставници на општината се запознаа со функционирањето на Граѓанскиот ресурсен центар и локалните ресурсни центри, услугите и другите можности кои ги нуди, како и тековните активности.

mrc zhupa 1 e1718613168232

Присутните особена заинтерисираност покажаа за обуките кои ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар, а се со цел да станат поодржливи и посамостојни во својата работа. Истите изразија голема потреба од јакнење на локалните организации и граѓанските активисти во оваа општина.

И двете општини ја потврдија својата непрекината поддршка кон граѓанското општество преку иницијативите на Центарот за граѓански ресурси, со поддршка од проектот на Европската унија.

Посетите на Мобилниот ресурсен центар беа организирани во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Засилување на граѓанското општество во Центар Жупа и Градско