Започна осмиот „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia)     - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна осмиот „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia)     PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 јуни 2024 17:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на 28 јуни 2024 година го започнаа осмиот по ред „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia), овозможувајќи им на 4 студенти од Канада и Нов Зеланд незаборавен тринеделен студиски престој во Македонија.Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на 28 јуни 2024 година го започнаа осмиот по ред „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia), овозможувајќи им на 4 студенти од Канада и Нов Зеланд незаборавен тринеделен студиски престој во Македонија.

viber image 2024 07 01 11 32 34 677


Велика Мангос (Velica Mangos), Хенарата Кохере Пишиев (Henarata Kohere Pishief), Викторија Јосифова (Viktorija Josifova) и Андреј Петрушевски (Andrej Petrushevski) ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Праксата ќе ја обавуваат во: Адвокатскo друштво ДДК, Limitless Solutions, Ветеринарна болница Скопје и Центар за едукација и забава - CEDUZ.

Покрај редовната практична работа, за студентите секоја недела е предвидена „тематска среда“ каде ќе посетуваат културни институции, Собранието, и ќе одржат средби со бизнис и меѓународната заедница. За време на викендите студентите ќе го посетат Охрид, Битола и ќе присуствуваат на традиционалната Галичка свадба.

„Родум од Македонија“ започна во 2015 година и се организираше во континуитет до 2019 година. Проектот беше ставен во мирување две години заради пандемијата предизвикана од Ковид-19, а продолжи да се спроведува во 2022 година.Дел од учесниците од претходните години го нарекоа престојот во Македонија „неверојатно искуство“ што треба да го има секој млад човек со потекло од Македонија. Дел од нив беа трета генерација родена надвор од Македонија, а прва која се враќа во Македонија по иселувањето. 

Примарната цел на „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија. Покрај тоа, ваквите активности можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна осмиот „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia)