Работилница за стратешко планирање на ГПМ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за стратешко планирање на ГПМ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 март 2009 11:56

Организации членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) на 19 и 20-ти март во Охрид се собраа да ги формулираат идните стратешки насоки за работата на Платформата.

Работилница за стратешко планирање на ГПМ

Граѓанската платформа на Македонија е формирана во март 2004-та година и во досегашното нејзино функционирање се водеше од принципите кои ги усвои Советот на ГПМ при нејзиното формирање. Покрај тековното одржување на протокот на информации и комуникацијата од страна на Секретаријатот кој го водеа три организации: МЦМС (2004-2006), ЦГИ (2006-2008) и АДИ (од 2008).

Беше спроведена и двегодишна програма која опфати низа активности во повеќе области: законска регулатива за граѓански организации, соработка со Влада, бизнис секторот и други актери, саморегулација и др. После пет години од постоењето членките сметаа дека е потребно да се преиспитаат првично прифатените начела и насоки на ГПМ. Ова резултираше во дводневна работилница на која беше разгледан контекстот во кој функционираат граѓанските организации и промените кои настанале од формирањето на ГПМ, беа презентирани достигнувањата остварени со спроведената програма на ГПМ, а потоа беше направена анализа на јаките и слабите страни на ГПМ и на заканите и можностите.

Работилница за стратешко планирање на ГПМ

На работилницата беше отворена и дискусија за правниот статус на мрежата и беа споделени ставови за позитивните и негативните аспекти од евентуална регистрација на ГПМ. Активностите за стратешкото планирање на ГПМ ќе ги продолжи шест члена работна група, која врз основа на материјалите подготвени во текот на работилницата, треба да формулира стратешки цели и истите да му ги предложи на Советот на ГПМ за усвојување.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за стратешко планирање на ГПМ