Студиска посета во Виена - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студиска посета во Виена PDF Печати Е-пошта
Четврток, 30 април 2009 10:21

Од 20 до 22 април оваа година, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Полио Плус, во рамките на програмата „Македонија без дискриминација“, беше организирана студиска посета во Виена, Австрија.

Студиска посета во Виена

Целта на посетата беше да им ги претстави на учесниците системот и задачите на Агенцијата за фундаментални права (Fundamental Rights Agency) од Виена, а во насока на поддршка на реформите во македонскиот законодавен систем за еднакви можности што треба да придонесе за развојот и градењето на ефикасни и независни тела за еднакви можности имајќи ги предвид компаративните искуства и најдобрите практики.

„Посетата беше многу позитивна за нас. Имавме прилика да го видиме австриското искуство и нивниот модел во однос на заштитата од дискриминација со можност позитивната пракса да ја искористиме во Македонија при донесување на домашниот Закон за заштита од дискриминација“, ни кажа Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика.

„Студиската посета беше доста значајна за мене, каде освен што се запознавме со различните механизми кои се изградени за заштита од дискриминација, опфаќајќи ја тука Агенцијата за фундаментални права, ги посетивме и регионалните канцеларии на Народниот правобранител кои беа поблиску до граѓаните и полесно доаѓаа до контакти и собирање на информации од дискриминираните граѓани. Едно такво искуство треба да се спроведе и во Македонија со градење на капацитетите на регионалните канцеларии на Народниот правобранител“, изјави Лулзим Хазири од АДИ, Гостивар.

Студиска посета во Виена

При ова студиско патување беа посетени институции на национално и регионално ниво. Освен Агенцијата за фундаментални права, чии главни обврски се формирање на база и обработка на податоци поврзани со заштитата од дискриминација, на регионално ниво беше посетена канцеларијата на Омбудсманот за еднаков третман. Учесниците имаа можност да се сретнат и со граѓански организации кои имаат директна соработка со овие институции. Исто така беше посетена и Асоцијацијата за недискриминација ЗАРА, која ги третира прашањата на лицата со посебни потреби.

На студиската посета учествуваа: Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика; Весна Бендевска, претседател на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и прават на граѓаните; Мирдита Салиу, од секторот за еднакви права во МТСП; Загорка Тноковска, претседател на интер-секторската комисија за човекови права во Владата на Република Македонија; Славица Бишевска, секретар на постојната собраниска комисија за заштита на човековите права; Снежана Теодосиевска-Јордановска, од канцеларијата на Народниот правобранител; Мирјана Најчевска, експерт по човекови права; Лулзим Хазири, Асоцијација за демократски иницијативи; Мухамед Точи, ХДЗР „Месечина“ и Наташа Постоловска, од Полио плус.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Студиска посета во Виена