Претпазливо со дискриминираните групи луѓе - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Претпазливо со дискриминираните групи луѓе PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 јули 2009 13:59

МЦМС и Министерството за труд и социјална политика (МТСП) од 23 до 24 јули 2009 година во Скопје ја организираа основната обука за недискриминација.

Претпазливо со дискриминираните групи луѓе

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на државните институции за делување во промоцијата на еднаквите можности и недискриминацијата. Обуката им беше првенствено наменета на координаторите за еднакви можности во државните институции и вработените во центрите за социјална работа.

„Работам на непосредна социјална заштита, значи со маргинализирани категории луѓе и секојдневно се соочувам со дискриминацијата“, раскажува Билјана Невчева од Министерството за труд и социјална политика. „Не сум посетувала до сега обука за дискриминација. Обуката е многу интересна и ми се допаѓа тоа што е интерактивна, не сум пасивен слушател туку активен учесник што ми го задржува вниманието цело време на темата. Кога дојдов на обуката мислев дека знам речиси се, ама открив дека сум била во заблуда. И открив дека некогаш несвесно и несакајќи и сама сум била во улога на дискриминатор но, и во улога на жртва на дискриминација. Не велам дека по обуката преку ноќ ќе се сменам, ама сигурно ќе бидам повнимателна и ќе имам повеќе обѕир кон одредени категории луѓе“, вели Невчева.

Преку обуката учесниците имаа можност да се запознаат со основните поими на не/дискриминацијата, да ги зајакнат своите капацитети во однос на свеста за дискриминацијата, да се запознаат со домашните и меѓународните нормативни акти за заштита од дискриминација, како и да работат на конкретни студии на случаи.

Претпазливо со дискриминираните групи луѓе

„Има работи што прв пат ги дознавам на обукава“, ни рече  Валентина Русковска, координатор за еднакви можности во Министерство за локална самоуправа. Мислам дека до сега не сум ги препознавала и верувам дека ќе ми користат во работата. Од учеството на обуките обично изготвуваме извештаи. Заедно со мојата колешка ќе подготвиме и презентација за останатите колеги, мислам дека ќе им биде интересно да ги слушнат овие работи“, додаде таа.

И обучувачките се задоволни од тоа како учесниците и приоѓаат на дискриминацијата. „Тие учествуваат во дискусиите, ги осознаваат работите од друг аспект што за нив не бил вообичаен и тоа само ја продлабочува дискусијата“, рече Наташа Постолова. „Самите споделуваат доста лични искуства кои сега ги гледаат од друга перспектива. За голем дел од нив ова е прво вакво искуство, вели Постолова.

Покрај Постолова, обуката ја спроведе и Мирдита Салиу.

Обуката е поддржана од Генералниот директорат за вработување, социјални работи и еднакви можности на Европската комисија. Финансирање е обезбедено под покровителство на ПРОГРЕСС Програмата за вработување и социјална солидарност на Европската комисија (2007-2013).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Претпазливо со дискриминираните групи луѓе