Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 август 2009 10:49

Да се креира овозможувачка околина, да се поддржи понатамошниот развој на граѓанското општество и да се подобрат резултатите на актерите на граѓанското општество во Македонија беа целите на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИГО) што МЦМС ја спроведуваше во периодот од 2006 до 2008 година.

Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество

Со активностите на програмата постигнати се повеќе резултати: подобрена информираност на јавноста за активностите на ГО, што е предуслов за подобрено разбирање и прифаќање на граѓанското општество; мало подобрување на правната и фискална рамка за ГО и за мобилизација на локални ресурси; одредено подобрување на соработката помеѓу ГО. Иако беше планирано ГО да воспостават правила и принципи базирани на транспарентност, отчетност и демократија нема битни промени во оваа сфера.

Програмата опфати повеќе различни типови на активности: информации, истражувања, застапување и лобирање, обуки и консултации и вмрежување.

Во првите две години програмата ја опфати програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) и се спроведе преку проектот „Поддршка на национален форум/платформа на граѓанското општество“, кој беше финансиран од Европската унија преку Европската агенција за реконструкција.

Средствата за спроведување на оваа програмата беа обезбедени од Европската агенција за реконструкција (ЕАР), Данската црковна помош (ДЦА), Евангелската црковна помош (ЕЕД) и други донатори. Дел од програмските трошоци беа обезбедени од партнерите од ГПМ и од членарина во ГПМ.

Вкупните трошоци за програмата изнесуваат 44.066.665,6 МКД, а учеството на МЦМС изнесува 42.761.616 МКД или 97 %.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Подобро разбирање и прифаќање на граѓанското општество