Подобрување на организирањето во руралниот развој - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобрување на организирањето во руралниот развој PDF Печати Е-пошта
Четврток, 23 декември 2010 16:24

[Прес соопштение] Денес, 23 декември 2010 година,  Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) ја промовираа публикацијата Организации, институции и проекти за рурален развој.

Подобрување на организирањето во руралниот развој

Публикацијата вклучува, на доброволна основа, 39 организации и институции активни на полето на руралниот развој и 56 проекти за рурален развој.

Анализата на собраните информации покажа подобрување на организирањето во руралниот развој. Во последните 10 години се основале повеќе организации (73% од вклучените во публикацијата) во однос на декадата пред тоа (27% од вклучените).

Најголем дел од нив се здруженија на граѓани насочени кон тнр. софт активности: обуки, информации, застапување.

organizacii-institucii-proekti-za-ruralen-razvoj

Собраните информации покажаа и дека хуманите ресурси не им се силна страна на здруженијата што работат во руралниот развој. Големо мнозинство од нив (84%) имаат до 100 членови, мнозинство од 69% немаат вработени лица, а малку ги користат и волонтерите како поддршка.

Потребно е понатамошно подобрување и на материјалните ресурси. Според податоците, 33% од организациите немаат канцеларија, 38% немаат компјутер, 41% немаат печатач, 44% немаат интернет, 62% немаат фотокопир, а 72% немаат факс.

Според податоците за ова и претходната година, може да се забележи пад на буџетите на организациите од 2009 во 2010 година. Вкупниот буџет во 2009 година изнесува 5.468.273 евра, а планираниот за 2010 е 2.663.041 евра.

Што се однесува до проектите, најчесто се спроведуваат локално или национално. Од презентираните 45% биле спроведени локално, на целата територија или национално биле спроведени 30% од проектите, а 20% се регионални. Според буџетите, најголем број проекти се со средна големина. На проектите со буџет до 10.000 евра отпаѓаат 34%, на средните (до 80.000 евра), 44% и големите (до 1.600.000 евра), 22%.

Подобрување на организирањето во руралниот развој

Публикацијата има за цел да ги стави на едно место актерите кои се активни во руралниот развој и нивните проекти со што би се добила посеопфатна слика за она што се случува во руралниот развој во Македонија.

Публикацијата ќе ја олесни комуникацијата, а активните чинители во руралниот развој ќе добијат корисна алатка за подобрување на соработката и нивниот заеднички настап таму каде што ќе биде потребно.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Подобрување на организирањето во руралниот развој