Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 07 qershor 2024 15:04

До: г. Африм Гаши,
Претседател на Собрание на Република Северна Македонија

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира до Собранието на Република Северна Македонија за затворениот и неконсултативен процес со засегнатите страни по Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација на работата на органите на државна управа.

Исто така, формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Укажуваме дека ова влијае негативно врз соработката и довербата на граѓанското општество со креаторите на јавните политики.

Со оваа реакција Платформата останува доследна и на претходното укажување од 2022 година дека реорганизацијата на државната управа е исклучително важен процес, кој мора да почива врз принципите на транспарентност, вклученост и претходна подготовка на граѓаните за системските промени што се иницираат.

Со почит,
Платформа на граѓански
организации за борба против корупцијата

Преземи ја реакцијата во PDF формат

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа