Приближување на младинското учество и волонтирањето до младите штипјани - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Приближување на младинското учество и волонтирањето до младите штипјани PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 24 korrik 2024 10:07

Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” во РЦ Штип организираше две  информативни сесии за младинско учество и волонтирање со вкупно 31 ученик од средно и основно училиште и тоа: на 10 мај 2024 со ученици од 8-те и 9-те одделенија од ООУ Димитар Влахов од Штип и на 10 јуни со учениците од СОУ Коле Нехтенин од Штип.

Целта на информативните сесии беше охрабрување на присутните за вклучување во младинско учество и волонтирање, а исто така и нивно информирање за актуелните случувања за развој на граѓанското општество, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво, особено во делот на младинско учество и волонтирање.

Штип 1

На средбите се дискутираа теми кои ги интересираа младите учесници, како што се начините за младинско учество, решавање на проблемите на младите и нивниот придонес, волонтерство и можности за ангажман, придобивки од волонтирањето, функционирање на граѓанските организации и зошто и како тие допринесуваат во заедниците и општеството.

Низ дискусиите, покрај забележителниот интерес на учениците на овие теми, беше евидентно дека тие се слабо информирани за истите.

Од спроведената кратка анкета на почетокот на овие две информативни средби за утврдување на нивото на општи познавања на учесниците од оваа област, произлегоа следните резултати:

  • Учениците не знаат за активностите на граѓанските организации (100% од средношколците и 60% од основците не знаеја за ниту едно здружение).
  • Само 1% од основците и 40% од средношколците знаеја дека за основање здружение потребно е да има 5 основачи.
  • Разбирањето на основните карактеристики на волонтерството е на нешто повисоко ниво (93% од основците и 80% од средношколците ја препознаваат доброволноста).
  • Сепак, ниту еден од средношколците не препознава дека за волонтирањето не се добива финансиски надомест.
  • 73% од основците знаат дека 5-ти декември е Светски ден на волонтерството, но ниту еден од средношколците не го знае тоа.

штип 2

За време на информативните средби на учениците им беа дадени соодветни информации и отворена покана за идни средби каде што ќе можат да поставуваат прашања и да добијат дополнителни разјаснувања.

Овие две средби нема да бидат последни. Од септември, проектниoт тим во соработка со ученичките организации од основните и средните училишта, ќе се обиде да вклучи што е можно повеќе млади во слични информативни настани.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Приближување на младинското учество и волонтирањето до младите штипјани