MCMS në mediat - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

MCMS në mediat
Утрински весник: Децентрализацијата - тема на саемот на НВО и на ЗЕЛС PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Децентрализацијата ќе биде во фокусот на интересирањето на двата саема, ЗЕЛС ЕКСПО и НВО-саемот кои во текот на викендов ќе се одржат во просториите на Скопски саем. На 118 штанда ќе се претстават над 50 општини и 228 невладини организации, а покрај домашните, ќе има и 30-ина странски граѓански здруженија. НВО-саемот официјално ќе биде отворен денеска, со говорот на европретставникот во земјава Евран Фуере. На саемот е најавено присуството и на претседателот Бранко Црвенковски, а на една од сесиите ќе учествува и вицепремиерката Радмила Шеќеринска. Фокус-земја годинава е Албанија.

 
Утрински весник; Почна акцијата на граѓанската иницијатива "Кажи Македонија" PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Разгледници до Стразбур испратија околу 600 граѓани и политичари
Голем број граѓани, политичари и јавни личности вчера и дадоа поддршка на акцијата на граѓанската иницијатива "Кажи Македонија" за јавно испраќање на разгледници и потпишување на отвореното писмо, со цел да се искаже остар протест против Директивата на Советот на Европа, со која се напаѓа мултикултурниот идентитет на Македонија и со барање да ни се обраќаат со уставното име. Во текот на вчерашниот ден, пред ГТЦ беа пополнети околу 600 разгледници, кои ќе се собираат и групно ќе се испратат до Советот на Европа во Стразбур и до канцеларијата во Скопје.

 
Утрински весник: Промовирана кампањата Кажи Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Кампањата ?Кажи Македонија" е одговор и превентива на постапката на една индивидуа од Советот на Европа која се обиде преку интерна директива да воведе измислена националност, јазик и култура. Со новите ?референци" за името на државата ФИРОМ и за лицата кои припаѓаат на малцинство или кои зборуваат јазик на малцинство надвор од земјата за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа, директно се напаѓа мултикултурниот идентитет на Македонија вграден во Уставот и Охридскиот договор, кои се основа за изградба на современа и европска Македонија.

 
Утрински весник: Разгледници до Стразбур против името БЈРМ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Во саботното издание на дневните весници ?Утрински весник", ?Дневник" и ?Вест" ќе бидат дистрибуирани 200 илјади разгледници кои граѓаните ќе можат да ги испратат до Советот на Европа, како реакција на уредбата на Советот на Европа и употребата на референцата ?Бивша југословенска Република Македонија".

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat