Thursday, 30 June 2011 11:33 |
Целта на програмата „Форуми во заедницата" е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
|
Wednesday, 15 June 2011 14:47 |
Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е извршен орган, односно орган на секојдневно управување со работниот процес на МЦМС.
|
Friday, 13 May 2011 11:25 |
Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со МЦМС ја има честа да ве покани да учествувате на основната обука: „Вклучување на јавноста во процесите на изработка на закони“. Обуката ќе се одржи во Маврово во хотел Алпина од 26 до 28 мај 2011 година.
|