Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), една од водечките граѓански организации, за потребите на истражувањето за Охридски рамковен договор, објавува конкурс за изработка на студии на случај.
Приказите на случај за граѓанското општество се подготвуваат за потребите на Цивикус - Индекс на граѓанското општество (ИГО). ИГО е акциско - истражувачки проект, кој ја проценува состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот преку анализа на 65 показатели, групирани во пет димензии. Проценката се прави со употреба на повеќе истражувачки методи, како испитување на јавноста преку репрезентативен национален примерок; анкета на граѓанските организации; интервјуа со клучни личности; прикази на случај; анализа на литература и др.