Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска ги промовираше годишните извештаи за отчетно и транспарентно работење на општините Чашка, Теарце, Конче, Старо Нагоричане, Велес, Прилеп и Могила.
Oпштата доверба во црквите и верските заедници е стабилна и со 65,6 проценти е на исто ниво како и минатата година. Таа е поголема кај граѓаните со пониско образование. Свештените лица имаат доверба од 54 отсто.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска ги презентираше резултатите од третиот дел на истражувањето „Доверба во граѓанското општество“, усна анкета направена на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.
Во Македонија е релативно ниска општата доверба и довербата во институциите, покажува најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка.