Tuesday, 20 January 2009 14:24 |
Експертите од Европската комисија денеска со средби со началници во Министерството за внатрешни работи ја започнаа својата прва оценска мисија за доделување на визна либерализација на Македонија. Европските експерти, главно составени од претставници на чешкото претседателство, побарале нивната мисија да се одвива во тајност. Според информациите до кои дојде Алфа, во разговарите со неколку началници од МВР најмногу се интересирале за безбедноста на личните документи, интегрирањето на граничните премини и нелегалната миграција.
|
Tuesday, 30 December 2008 13:36 |
Со цел да се поттикнат теми од областа на граѓанското општество во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, беа промовирани три публикации. Станува збор за книгите "Слободата на изразувањето" на авторот м-р Слаѓана Димишкова, новинар во дневниот весник Вечер, кој наедно е и изда [ … ] |
Friday, 19 December 2008 11:37 |
За одговор дали ќе добиете виза се чека и повеќе од пет недели?!
Додека земјава ја очекува одлуката од Брисел граѓаните да патуваат без визи, во меѓувреме се спроведува договорот за визни олеснувања, за кој пак има низа забелешки, како барања за дополнителни документи, долга процедура...
|