Медиумите за дебатата на претседателските кандидати за прашањата на дискриминација - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за дебатата на претседателските кандидати за прашањата на дискриминација PDF Print E-mail
Wednesday, 18 March 2009 15:07

Медиумите покажаа висок интерес за вчерашната дебата што ја организираше коалицијата на граѓански организации Македонија без дискриминација со претседателските кандидати. За настанот известуваа осум телевизии, две радија, четири дневни весници и две агенции.

Подолу се дел од написите и прилозите:

 

Македонија без дискриминација" со претседателските кандидати

Сојузот „Македонија без дискриминација" треба да оствари средба со претседателските кандидати за да ги запознае со горливите проблеми и ненадминати појави на дискриминација по сите основи...

Извор: Макфакс (17.03.2009)

 

Претседателските кандидати за „Македонија без дискриминација“

Против предрасудите, нееднаквостите, за индивидуалните права, за правата на хендикепираните, на жените, а дел и за правата на хомосексуалците...

Извор: А1 (17.03.2009)

 

Претседателските кандидати за законот против дискриминација

На нашиот систем му фали закон против дискриминација, се сложија Претседателските кандидати, кои денеска остварија средба со невладиниот сектор...

sitel-pretsedateli-nvo

Извор: Сител (17.03.2009)

 

Кандидатите против дискриминацијата

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, смета дека треба да се симне забраната за отворање геј-клубови во земјава. Додека неговиот противкандидат Љубе Бошкоски вели дека иако е претставник на демохристијанска партија, сепак, смета дека геј-популацијата треба јавно да излезе и отворено да разговара за своите проблеми...

utrinskivesnik-pretsedateli-nvo

Извор: Утрински весник (18.03.2009)

 

Бошкоски, Иванов, Селмани, Ружин и Фрчкоски на средба со претставници на НВО секторот

Претседателските кандидати денеска имаа средба со претставници на невладиниот сектор на која ги изнесоа своите ставови и размислувања во врска со законот за заштита од дискриминација, за кој се води јавна дебата.

На дискусијата, на која присуствуваа претставници на граѓанските здруженија членки на Сојузот „Македонија без дискриминација“, учествуваа независниот кандидат Љубе Бошкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов, кандидатот на ЛДП Нано Ружин, Имер Селмани од Нова Демократија и Љубомир Фрчкоски кандидатот на СДСМ. Своето отсуство го најавиле Мируше Хоџа од ДПА и Агрон Буџаку од ДУИ...

Извор: МИА (17.03.2009)

 

Претседателските кандидати бараат поквалитетен антидискриминаторски закон

Очи в очи со невладиниот сектор, претседателските кандидати денеска на дебата за дискриманацијата. Организаторот на трибината - граѓанската иницијатива “Македонија без дискриманација“, сојуз на повеќе здруженија, за тема го одбра законот за заштита од дискриманација. Колку и како малцинските и маргиналните општествени групи во Македонија се заштитени.

Извор: АлфаТВ (17.03.2009)

 

Претседателските кандидати ќе ги поддржат маргинализираните групи

Претседателските кандидати на вчерашната средба со невладините организации рекоа дека ќе го поддржат законот за заштита од дискриминација, за кој с? уште се води јавна дебата, под услов да биде подобрен текстот, кој сега имал многу недостатоци. Генерално, тие се залагаат за формирање тело што ќе ја надгледува примената на законот...

Извор: Нова Македонија (18.03.2009)

 

Претседателските кандидати на дебата со НВО - Дискриминацијата пред ликвидација

Законот за заштита од дискриминација е важен за членството на Македонија во ЕУ и тој треба што поскоро да биде донесен, се согласија пет претседателски кандидати присутни на вчерашната јавна дебата со претставниците на невладиниот сектор. На дебатата не присуствуваа Агрон Буџаку и Мируше Хоџа. Сите кандидати најавија дека ќе поддржат ваков закон доколку биде подобрен нацрт-текстот, кој сега има многу недостатоци...

Извор: Време (18.03.2009)

 

Жените за амбасадори, стоп за забраната на геј-клубови

На Македонија и треба закон заштита од дискриминација, но нацрт-текстот сега има многу недостатоци и треба да се подобри, оценија претседателските кандидати на средбата со граѓанските здруженија од Сојузот “Македонија без дискриминација”...

Извор: Канал 77 (18.03.2009)

 

Извор: Телма (17.03.2009)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Медиумите за дебатата на претседателските кандидати за прашањата на дискриминација