MCIC in the Media - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

MCIC in the Media
Утрински весник: Промовиран адресарот на општините во Македонија PDF Print E-mail
Thursday, 30 November 2006 01:00

Сите осумдесет и четири општини во Македонија се претставени во најновиот Адресар на општините во Македонија во издание на Македонскиот центар за меѓународна соработка(МЦМС) и на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Адресарот ја дава комплетната слика на општините, почнувајќи од локацијата и контактите, преку демографската, родовата и етничката структура на населението, а заинтересираните имаат можност да ја дознаат и состојбата на економијата во општината, најважните проекти на локалната единица, како и еколошката слика на општината.

 
А1: Македонските граѓани не веруваат во државата PDF Print E-mail
Saturday, 25 November 2006 01:00

Македонските граѓаните не веруваат во државата, но најмногу помош во решавање на проблемите очекуваат токму од државните институции.

 
Утрински весник: Граѓаните не веруваат во државата PDF Print E-mail
Wednesday, 08 November 2006 01:00

Граѓаните во Македонија имаат највисока доверба во семејството (94 отсто), додека едвај малку над половината, или 54,5 отсто, имаат општа доверба во луѓето. Македонците, генерално, не веруваат во институциите, а од малото мнозинство што имаат доверба, најмногу им се верува на медиумите (56 отсто), деловниот сектор (49,8 отсто), граѓанскиот сектор (48,1 отсто), меѓународната заедница (44,5 отсто), а најмалку на државата (29,2 отсто) и на политичките партии (22,3 отсто). Ова се само дел од резултатите на истражувањето за „Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството“, што вчера го промовираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 
Утрински весник: Партиите да се воздржат од насилство во кампањата PDF Print E-mail
Monday, 16 October 2006 01:00

Партиите да се воздржат од насилство за време на изборната кампања, тоа е пораката која граѓаните ја упатија до политичките субјекти што учествуваат во изборната кампања. Вината за предизборните инциденти не може да се лоцира само кај една етничка група, иако генералната констатација е дека Македонија е далеку од фер и демократски избори. Повеќето учесници на вчерашната трибина „Насилство во изборната кампања", организирана од невладините ОХО и МЦМС, се согласија со оцените дека вината за инцидентите не треба да се бара во некакви оски исток – запад – север - југ, туку дома.

 


Page 39 of 54

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media