Monday, 16 October 2006 01:00 |
На Скопски саем, во саботата, заврши тридневниот трет НВО-саем - Форум на граѓанското општество на Македонија. Директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Сашо Клековски, соопшти дека во изминатите три дена биле одржани 48 панели, форуми и други настани.
|
|
Monday, 16 October 2006 01:00 |
Настаните и темите кои новинарите ги третираат на различен начин, во наредниот период ќе бидат изложени на суд на јавноста, со цел таа да донесе свои заклучоци и ставови во врска со објективноста на медиумите и нивното информирање и гледање на случувањата.
|
Monday, 16 October 2006 01:00 |
ШТИП - Во изминатиот викенд потплачковичкото село Кучица, во атарот на Општина Карбинци, доби водовод. На свечениот чин во селото со триесет куќи и 150 жители од турската етничка заедница Јуруци присуствуваа и Амед Дурмиш од турската амбасада и Кенан Хасип, пратеник во парламентот и претседател на Демократската партија на Турците во Македонија. Водоводот во употреба го предадоа Боро Гаврилов, градоначалник на Карбинци, и Роман Пападимитров од невладината организација МЦМС, која во Македонија финансирала стотина објекти од комунален карактер, а беше и главен финансиер на овој водовод чијашто вредност изнесува 50.000 евра, од кои 95 отсто се донација на МЦМС.
|
Monday, 16 October 2006 01:00 |
Неколку илјади ученици, студенти и читатели на дневни весници ќе бидат во фокусот на пет проекти, финансирани од ЕУ со цел промовирање на меѓуетничкото помирување во земјава. Проектите, кои се дел од пошироката програма во вредност од три милиони евра, финансирана од ЕУ за развој на граѓанското општество, вчера беа претставени на промоцијата во Европската агенција за реконструкција, на која присуствуваше и заменик-премиерот Радмила Шекеринска.
|
|
|
|
|
Page 41 of 54 |