Утрински весник: Јуручкото село Кучица доби водовод - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Јуручкото село Кучица доби водовод PDF Print E-mail
Monday, 16 October 2006 01:00

ШТИП - Во изминатиот викенд потплачковичкото село Кучица, во атарот на Општина Карбинци, доби водовод. На свечениот чин во селото со триесет куќи и 150 жители од турската етничка заедница Јуруци присуствуваа и Амед Дурмиш од турската амбасада и Кенан Хасип, пратеник во парламентот и претседател на Демократската партија на Турците во Македонија. Водоводот во употреба го предадоа Боро Гаврилов, градоначалник на Карбинци, и Роман Пападимитров од невладината организација МЦМС, која во Македонија финансирала стотина објекти од комунален карактер, а беше и главен финансиер на овој водовод чијашто вредност изнесува 50.000 евра, од кои 95 отсто се донација на МЦМС.

Кучица е едно од најзафрлените села во овој дел на Македонија, но во последно време за подобар живот на неговите жители се остварени повеќе инвестиции. Во минатата година до селото беше изграден асфалтен пат, а годинава пристигна вода до секое домаќинство. Со овие комунални зафати ќе се запре и најавеното иселување на семејства од Кучица во Турција. Изет Тахири, претседател на Месната заедница, информира дека на Кучица сега и е потребен само уште телефон, па да ги има сите придобивки на современата цивилизација. Инаку, селото живее од сточарство и од тутунопороизводство. (И. Б.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Утрински весник: Јуручкото село Кучица доби водовод