Време: Невладините организации ја туркаат земјава кон ЕУ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Невладините организации ја туркаат земјава кон ЕУ PDF Print E-mail
Saturday, 04 December 2004 01:00

Под мотото „Заедно за едно - Македонија во Европската Унија“ вчера во Скопје почна четвртиот Форум на граѓанското општество, кој има цел да ги подобри комуникацијата и соработката меѓу невладините организации, државата, деловниот сектор и граѓаните. Саемот ќе трае до недела.

- Оваа година и посветуваме внимание на една важна тема - перспективата на Македонија за влез во ЕУ. Тоа е приоритет на државата и исполнувањето на оваа цел провејува во сите дискусии на саемот - рече Сашо Клековски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Саемот е организиран во три дела: форумски дел за презентации, промоции и образовни сесии, изложбен дел и културни настани. Учествуваат околу 240 граѓански асоцијации од земјава и од странство. Ќе има повеќе од 30 дискусии за прашања поврзани со улогата на граѓанското општество, невработеноста, децентрализацијата, примената на законите, учеството на жените во јавниот живот. Присуствуваат неколку организации од Словенија, единствената држава од регионот што е член на ЕУ.

Саемот го отворија Сашо Клековски од МЦМС, Венко Глигоров, претседател на Сојузот на стопанските комори, и Звонко Шавревски од здружението на лица со посебни потреби „Полио плус“.

На првиот ден од саемот, а по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, на хендикепираните им беа доделени компјутери и награди „вулкан“. Организатор беше „Полио плус“. Во организација на фондацијата „Институт отворено општество“, пак, се одржа панел-дискусија за улогата на граѓанското општество во процесот на приближување кон Европската Унија. Во првата хала на саемот Агрон Буџаку, министер за транспорт и врски во оставка, го отвори вториот „Медиа маркет“. На овој саем свои штандови имаат повеќе домашни телевизиски и радиостаници. На „Медиа-саемот“ се претставуваат и повеќе интернет-провајдери.

Во другите две хали, покрај штандовите на повеќе домашни здруженија, се одржуваат дебати за економски, социолошки и културни проблеми.

Вчера се одржа презентација на социоекономската положба во Штип, а за попладнето беше планирана панел-дискусија за намалувањето на невработеноста преку подобрување на пристапот на финансиските институции.

Организатори на саемот се МЦМС, фондацијата „Институт отворено општество Македонија“ (ФИООМ) и Центарот за институционален развој.

Секторот за европска интеграција при Владата денеска ќе изврши презентација на активностите, кои ги спроведува во насока на интеграцијата на земјава во Европската Унија. На презентацијата ќе биде ставен акцент на актуелните активности и на процесот на одговарање на прашалникот на ЕУ.

С.С. - А.К.М

Извор: Време (4.декември.2004)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Време: Невладините организации ја туркаат земјава кон ЕУ