Во Македонија и не е така лошо! - Медиумите во Северна Ирска |
![]() |
![]() |
![]() |
Thursday, 18 August 2011 00:00 | |||
Page 5 of 6
Медиумите во Северна ИрскаТретиот ден им беше посветен на медиумите. Белфаст Телеграф, ББЦ Северна Ирска и ТВ Висион. Освен за известувањето во време на конфликтот, учесниците се интересираа за функционирањето на медиумите, справувањето со предизвиците на Интернетот и социјалните медиуми итн. Последен во низата беше медиумот за млади – Вимпс што всушност е веб страница, водена од млади луѓе, кои ги користат последните веб технологии да им помогнат на младите да контактираат и влијаат на оние кои ги носат одлуките за нивните животи. Страницата им овозможува да го најдат пратеникот од нивната област и да му испратат порака за прашања што им се важни, можат да ја споделат нивната приказна, да дискутираат итн.
Последниот ден беше посветен на не толку познатите прашања поврзани со Мировното новинарство и Моралната имагинација.
|