Спорот за името Македонија - ставови на јавноста во Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спорот за името Македонија - ставови на јавноста во Македонија PDF Print E-mail
Thursday, 20 October 2011 08:40

Спорот за името Македонија(Прес соопштение) Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) спроведоа ново истражување за спорот за името Македонија.

Истражувањето покажа дека скоро половина граѓани се цврсто против било каква промена на името (45,3 %), а 39,6 % имаат став да се зачувува името и по цена на застој. Со „не" би гласале 58,4% од граѓаните на можен референдум за име за севкупна меѓународна употреба. Во тек е национално обединување околу спорот со името. Граѓаните од сите етнички и партиски припадности ја бранат црвената линија за идентитетот и бараат одлука за името на референдум.

Постои мал прозорец за компромис, можно по одлуката во Меѓународниот суд за правда (36,9 % граѓани очекуваат одлука во корист на Македонија). На 40,5% граѓани важни им се евроатлантските интеграции, и мислат дека треба да се прифати компромис со Грција кој нема да го загрози македонскиот идентитет, култура и јазик. Можни компромиси се „двојна формула" (20,8%) и договорено име за меѓународни организации (19,2%). Мнозинство граѓани сакаат решение за една година но, повеќето решението го очекуваат на средни или долги патеки или никогаш. Можниот модел за прифатлив компромис за граѓаните, иако во истражувањето е со малцинска поддршка, е „Северна Република Македонија" или „Република Македонија (Скопје)", како договорено име за употреба во меѓународните организации (ООН, ЕУ и НАТО).

Идентитетот е гранитна црвена линија - мнозинство граѓани (69,4%) се против дефинира-њето во ООН на националноста/државјанството на пример како „граѓани на Република Северна Македонија". Големо мнозинство (74 %) на граѓани и етнички Македонци (87 %) и повеќето граѓани од сите етнички припадности се против додефинирањето на јазикот во ООН на пример како македонски јазик (официјален јазик на Република Северна Македонија).

Постои консензус дека за името ќе се одлучува на референдум. Мнозинство граѓани (64%), од сите етнички и партиски припадности бараат одлука за името на референдум. Под¬дршката за референдум е во пораст од декември 2010 г. вклучувајќи и меѓу етничките Албанци. На референдум – 58,4% би гласале против договорено име за севкупна меѓународна употреба, секој четврти граѓанин би се вклучил во самоорганизирани протести против промена на името.

Стравувањата од застој, ризикот од нови отстапки и раскол се мотиви за и против решение. Граѓаните стравуваат дека Грција ќе бара нови отстапки во идентитетот и јазикот дури не го уништи македонскиот идентитет (40,4%) и дека ќе има раскол на предавници и патриоти (21,7%). За новите барања можно решение е предлогот од Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), можниот договор меѓу Грција и Македонија да стапи во сила на денот на прием на Македонија во ЕУ (во НАТО би била примена под времената референца. Второто стравување од раскол, може да се надмине со примена на „Рамковен модел", односно можниот договор со Грција писмено да биде одобрен од сите главни политички партии.

Испитувањето на јавното мислење е направено преку теренска анкета од ИДСЦС од 10 до 24 септември 2011 г. на репрезентативен примерок од 1.090 испитаници со +/- 3% грешка.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Спорот за името Македонија - ставови на јавноста во Македонија