Започнаа форумските сесии во Делчево - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започнаа форумските сесии во Делчево PDF Print E-mail
Monday, 25 June 2012 13:10

На 15 јуни 2012 година, со одржувањето на првата форумска сесија во општина Делчево започна спроведувањето на форумот во заедницата. На сесијата, во спомен домот АСНОМ, присуствуваа 82 граѓани кои разговараа за нивните проблеми и за тоа како ќе ги употребат финансиските средства од проектот за да ги подобрат условите за живот.

IMG 6114-1

На гласањето, мнозинството граѓани се определи за темата „животна средина“ што значи дека во следните фази ќе се идентификуваат проблеми и решенија, а потоа ќе се формулираат и проекти од областа на животната средина. Буџетот што им стои на располагање за проектите изнесува 4.800.000 МКД.

Граѓаните беа задоволни од можноста да учествуваат во носењето на одлуките во општината. „Јас лично, како граѓанин очекувам позитивни резултати од форумите. Се надевам дека  ќе успееме да издејствуваме финансиски средства со кои ќе се решаваат проблемите во Делчево“, вели Николче Николовски. За Крум Николовски од особена важност е „да се обрати внимание на селектирањето на комуналниот цврст отпад“.

IMG 6136-1

И општината очекува позитивни резултати од форумскиот процес. „Ова е одлична можност за зајакнување на капацитетите на општина Делчево во делот на партиципативно одлучување, спроведување на проекти од локално значење што значително ќе придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во локалната самоуправа“, смета Николче Трајановски, претседател на Советот на општината.

Форумскиот процес освен Трајановски го поздравија и Миодраг Колиќ од Единицата за координација на форумите и Димче Митрески, извршен директор на МЦМС која е имплементирачка организација на форумот во Делчево.

Втората форумска сесија е закажана за 6 јули 2012 година во 17.30 часот во спомен домот АСНОМ.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Започнаа форумските сесии во Делчево