Започнаа активностите во транзитните центри - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започнаа активностите во транзитните центри PDF Print E-mail
Monday, 28 December 2015 14:16

МЦМС обезбеди електрична енергија за три големи шатори поставени во транзитниот центар „Табановце“. Овие прибежишта на бегалците сега се загреани и осветлени, а во нив можат да ги наполнат и нивните телефони пред да го продолжат патот. Активностите за обезбедување струја ќе завршат до крајот на годината кога целиот транзитен центар ќе добие напојување со струја. Покрај ова, МЦМС постави настрешница на излезот од транзитниот центар „Табановце“ каде полицијата врши проверка на документите, а наскоро ќе постави настрешница и на влезот од транзитниот центар „Винојуг“. Настрешниците ќе ги заштитат бегалците од дождовите и снеговите.

20151223 103750

Овие активности се дел од одговорот на МЦМС на бегалската криза со која се соочи Македонија како транзитна земја. МЦМС ќе помогне за надминување на проблемите предизвикани со доаѓањето на зимата и ќе обезбеди информации на и за бегалците. Покрај тоа, тимот на МЦМС кој ги спроведува активностите поврзани со бегалците е во постојана соработка и координација со надлежните органи и граѓанските организации кои работат на терен како би биле во можност да одговорат на потребите на бегалците.

20151223 104636

Проектот „Акција за поддршка на бегалците“ започна да се спроведува во почетокот на ноември 2015, а ќе трае до крајот на март 2016 година. Финансиската поддршка е обезбедена од НЦА (Norwegian Church Aid)  која е членка на Акт Алијансата (Act Alliance).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Започнаа активностите во транзитните центри