Пристапот заснован на човекови права може да ги максимизира ефектите од работењето - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пристапот заснован на човекови права може да ги максимизира ефектите од работењето PDF Print E-mail
Friday, 17 September 2021 20:37

Примена на Пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП) во работата на граѓанските организации со акцент на проектното работење, беше темата на дводневната онлајн работилница, што се одржа на 15 и 16 септември 2021 г. , а која за Цивика мобилитас (ЦМ), ја спроведе Коалицијата „Сите за правично судење“.

Obuka Pristap zasnovan na chovekovi prava 1 1024x539

Триесет претставници од институционалните и акциските грантисти на ЦМ добија теоретско и практично знаење за примената на ПЗЧП во сите фази од проектното работење: анализа на проблемот, дизајнирање и планирање на проектните активности, нивно спроведување, мониторин и евалуација на сработеното.

Според ПЗЧП, фокусот во сите фази од проектното работење треба да биде ставен на човековите права. „Со стекнатото знаење, организациите можат да ги максимизираат ефектите од своето работење, а особено во поглед на вклучувањето на различните маргинализирани и ранливи групи што е тешко да се постигне доколку се користи класичниот пристап“, вели Дарко Аврамовски од Сите за правично судење. Од коалицијата додаваат дека обуката им овозможила на учесниците да научат како да ги препознаат лицата чии права се засегнати од одредена ситуација, а со самото тоа и да ги идентификуваат сите надлежни служби кои имаат формална или неформална обврска за исполнување на овие права.

Obuka Pristap zasnovan na chovekovi prava 4 1 1024x528

Учесниците во групи дискутираа и детектираа спроведување и/или прекршување на човековите права во различни сектори и се согласија дека примената на ПЗЧП треба активно да се употребува. „По оваа обука прва работа што ќе ја направам во нашата организација е да разговарам со правниот сервис. Од нив ќе побарам сите кои учествуваат во пишување и спроведување на проекти да се запознаат со овој пристап, за да почнеме успешно да го имплементираме во целокупното работење“, вели Благородна Коцева, од организацијата ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Важно е да се посвети внимание на градење на капацитетите на носителите на правата, но и на носителите на обврските, активности во кои директно може да придонесат граѓанските организации, е заклучокот од работилницата.

Работилницата „Пристап заснован на човекови права“ беше реализирана од страна на Коалиција „Сите за правично судење“, институционален грантист на Цивика мобилитас, на принципот „peer to peer learning“, односно учење преку споделување. Таа е дел од Програмата за учење на Цивика мобилитас.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Пристапот заснован на човекови права може да ги максимизира ефектите од работењето