Тематски форум на Цивика мобилитас: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Тематски форум на Цивика мобилитас: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“ PDF Print E-mail
Friday, 26 November 2021 10:30

Ве покануваме на Тематскиот форум на Цивика мобилитас на тема: Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти што ќе се одржи на 26 ноември 2021г. (петок) во 13 часот, онлајн, преку платформата ZOOM.

tematski forum 1024x538

Целта на форумот е да поразговараме за тоа каква е и како може да се подобри соработката помеѓу граѓанските организации и општините, земајќи предвид дека имаат иста целна група, граѓаните.

На настанот ќе зборуваат претставници на три граѓански организации и тоа: Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации; Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот и Слаѓан Пенев од ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација. Нивните излагања ќе се однесуваат на досегашната соработка со општините, поддршката во подготовка на стратешки документи, функционирањето на инспекциските служби на локално ниво, отвореноста на општините и можностите за соработка преку нив и со нивните јавни претпријатија. 

Покрај нив, на Форумот ќе се обрати и Душица Перишиќ, извршна директорка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). На Форумот поканивме и повеќе градоначалници, да ги споделат своите искуства или визии за соработката со граѓанските организации.

На Тематскиот форум ќе учествуваат претставници на грантистите на Цивика мобилитас и на другите граѓански организации како и други заинтересирани страни.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Тематски форум на Цивика мобилитас: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“