Младите и нивниот ангажман беа главна тема на разговорите при посетите на колегите од НИРАС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Младите и нивниот ангажман беа главна тема на разговорите при посетите на колегите од НИРАС PDF Print E-mail
Thursday, 18 July 2024 09:02

Дел од тимот на Цивика мобилитас ги придружуваше колегите од партнерската организација НИРАС од Данска за време на посетата на граѓанските организации кои го спроведуваат проектот „Младински политики по мерка на младите“ што се одвиваше од 10 до 12 јуни оваа година. Тие имаа можност да разговараат со претставници на водечката организација Про Локал и на Центарот за млади Пелагонци „Етнос“, Младинскиот совет Прилеп и Емпауринг – Крушево. Младите, нивниот ангажман, нивните потреби и можности беа во фокусот на разговорите со сите четири организации.

про локал

 

Колегите од Центарот за млади Пелагонци „Етнос“ се осврнаа на прашањата за противпожарната заштита и здравствените услуги во регионот. Тие истакнаа дека локалното население тешко доаѓа до здравствена заштита, дека недостасуваат амбулантни и противпожарни возила. „Дебреште и околните места  имаат потреба од ефикасни мерки и стратегии за превенција на пожари, особено во летните месеци кога ризикот од пожари е поголем“, истакнаа тие. Со проектот поддржан од Владата на Швајцарија, преку Цивика мобилитас се поддржуваат активности за подобрување на свеста кај младите за важноста на превенцијата за пожари и за унапредување на здравствените услуги во заедницата. Еџеис Мустафа, претседателот на „Етнос“ ја потенцираше потребата од поголем ангажман на младите не само за овие, туку и за сите останати прашања.

За време на средбата со претставниците на Про Локал присутните се осврнаа на проблемите со јавниот превоз во регионот. Младите од подалечните општини нема како да дојдат до Битола или да се вратат дома по 19 часот затоа што тогаш престануваат да сообраќајат градските автобуси. Тие го истакнаа значењето на активното учество на младите во јавните дебати и иницијативите за промени во законодавството што се однесува на нивните права и потреби. „Младинската сила е клучна и за локалните бизниси и економскиот развој во помалите општини и населени места, затоа што без активното учество на младите луѓе, опстанокот и развојот на локалните бизниси може да биде значително ограничен“, рекоа учесниците во дискусијата.

ЕТНОС

За Младинскиот совет Прилеп главен приоритет се младинските политики. Претставниците од оваа организација работат на вклучување на повеќе млади во активности за поддршка на општините за на тој начин да придонесат за развој на локални политики.

Заштитата на животната средина е во фокусот на Емпауринг Крушево. Тие информираа дека текот на јули ќе организираа две фокус групи на кои ќе разговараат со заинтересираните страни и ќе ги вклучат во разговорите за иднината на Крушево. Нивната  цел е подобрување на селекцијата на отпадот и наоѓање начини за превенирање на создавањето на депониите што често предизвикуваат пожари во летните месеци. Тие побарале од локалната власт и градоначалникот да им излезат во пресрет и да им дадат нов простор за младински центар. Со амбициозниот пристап и приврзаност кон заштитата на природата, членовите не само што ги промовираат еколошките вредности, туку и го покажуваат значењето на граѓанската активност и влијание. „Нашата мисија не е само зачувување на природата, туку и креирање на заедница што грижи за неа“,  рече Зорица Кузманоска, претседателка на здружението и професор во средното училиште во Крушево.

Младински Совет Прилео

Претставниците на НИРАС можеа да стекнат впечаток и подобро да се информираат за текот на проектот, за ангажманите на грантистите и за предизвиците со кои се соочуваат.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Младите и нивниот ангажман беа главна тема на разговорите при посетите на колегите од НИРАС