Ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија де факто ги намали средствата за граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија де факто ги намали средствата за граѓанските организации PDF Print E-mail
Wednesday, 14 August 2024 10:04

Ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 г. де факто ги намали средствата за граѓанските организации планирани од буџетска ставка 463 – трансфери до невладини организации.

rebalans 2024 budzet

Со ребалансот на Буџетот за 2024 г., скратени се средствата за граѓанските организации од неколку клучни министерства. Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците (МПСОЗ), од прво планираните 18.191.000 денари со ребалансот не предвидува средства.

Министерството за труд и социјална политика (по старо), односно Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) од прво планираните 532.422.000 денари со ребалансот бележи намалување на средствата од 15 милиони денари (517.422.000).

Агенцијата за млади и спорт (АМС), има намалување од околу 85 милиони денари. Потоа, ребалансот ги укинува средствата за граѓанските организации планирани од Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), додека средствата планирани од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) бележат пад од 50 милиони на 35 милиони денари.

rebalans 2024 budzet tabela

*Изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.

Имено, иако вкупната сума алоцирана од ставката 463 – трансфери до невладини организации со ребалансот на Буџетот е зголемена од прво планираната, ова зголеување се должи пред се на средствата наменети за новоформираното Министерството за спорт (МС) кое со ребалансот добива околу 633 милиони денари. Исто така, се должи и на зголемувањето на планираните средства за политичките партии, средства кои се доделуваат токму од ставката 463 –трансфери до невладини организации при Министерството за правда (МП).

За жал, ребалансот на Буџетот на РСМ за 2024 г. не предвидува средства за континуиран и сеопфатен развој на граѓанските организации во државата. Ребалансот ги скрати средствата за граѓанските организации кои работат во клучни области како заштита и унапредување на човековите права, социјална кохезија, недискриминација, меѓуетничка толеранција и слично.

Впрочем, овој ребаланс не предвидува финансирање на хоризонтални приоритетни области како владеење на правото, родова еднаквост, развој на одржливите цели, развој на граѓанското општество и слично. Иако, ова се  области кои се клучни за развојот на државата, a се дел од програмите на голем дел граѓански организации. Имено, токму граѓанските организации се главниот коректор на политиките на властите и посветено застапуваат за подобрување на овие политики  во различни сектори.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија де факто ги намали средствата за граѓанските организации