Расте бројот на граѓани кои не би примиле поткуп доколку се најдат во улога на слабо платени службеници - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Расте бројот на граѓани кои не би примиле поткуп доколку се најдат во улога на слабо платени службеници PDF Print E-mail
Thursday, 15 August 2024 11:53

Продолжуваме со серијата инфографици изготвени согласно податоците од  „ Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2023“.

MCMS infografik BR. 3

Според податоците добиени од испитаниците во однос на свесноста на препознавање на корупцијата во секојдневните практики, највисок е процентот на препознавање од страна на граѓаните кај коруптивните практики во државните институции, односно полициски службеници со 90,6%. Значајно е да се потенцира дека за 36,3% од испитаниците не препознаваат корупција за давање подарок на доктор за да им посвети посебно внимание. Во однос на ова прашање најнизок процент на препознавање на корупцијата останува при користење на здравствени услуги односно давање на подарок на доктор доколку се посвети особено внимание со 61.7% наспроти 36.3% кои не го препознаваат истото.

Минимално зголемување од 0,4%, бележиме во однос на прифатливоста на коруптивните практики од страна на граѓаните 2021г. 37.1% од граѓаните одговориле дека би прифатиле такво (коруптивно) однесување наспроти 62.9% кои не прифатиле.

MCMS infografik br.4

Според индексот на подложност,  која ја мери склоноста на граѓаните да ги компромитираат нивните вредности под притисок на околностите, забележано е намалување во однос на минатите години. Скоро секој петти граѓанин во 2023г. или 19.0% е подложен на корупција за разлика од 2021г. каде процентот  31.0%.  Ова значи дека е зголемен бројот на граѓани со мешано однесување, а охрабрува и податокот дека расте бројот на граѓани (39.9%) на граѓани кои не се подложни на корупција.

Исто така висок е процентот на граѓани вкупно 70.8.% за разлика од 59.0% во 2021г,  кои одговориле дека не би примиле поткуп доколку се најдат во улога на слабо платен службеник, наспроти тие кои би прифатиле со 5.2% доколку би можеле да го решат проблемот и 4.4% бидејќи тоа сите го прават.

Во однос на подложноста на давање поткуп помалку од половина од испитаниците 48.7% одговориле дека тоа не би го направиле тоа во никој случај и 29.8% исто така доколку би имале друг начин да го решат проблемот. Останатите 11.3% од испитаниците одговориле позитивно на ова прашање доколку би можеле да си дозволат односно  8.6% од нив  би платиле.

Извештајот за проценка на корупцијата во Северна Македонија- 2023“ , е подготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектите „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за застапување врз база на докази, влијание врз политиките и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, поддржан од Европската комисија и „Граѓаните против корупцијата“, поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД)


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Расте бројот на граѓани кои не би примиле поткуп доколку се најдат во улога на слабо платени службеници