Обука за фотографирање - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за фотографирање PDF Print E-mail
Saturday, 07 March 2009 10:10

Вработените на МЦСМ, во почетокот на март оваа година ја посетија еднодневната обука за фотографирање. Целта на обуката беше подобрување на вештините за фотографирање што ќе резултира со поупотребливи фотографии за изданијата на МЦМС.

Обука за фотографирање

Учесниците имаа можност да се запознаат со фотографијата, ги совладуваа ознаките и функциите на фотоапаратот, на своите претходни фотографии можеа да ги видат најчестите грешки што се јавуваат при фотографирањето.

Обука за фотографирање

Откако добија теоретски вовед  за  тоа како се фотографираат настани и луѓе – имаа можност практично да ги применат. За околу 60-тина минути, учесниците на обуката се обидоа да бидат вистински фоторепортери и да фотографираат настани и луѓе надвор од канцелариите. По ова, секој имаше можност да ги слушне забелешките за своите фотографии направени во практичниот дел. На крај, учесниците поминаа низ начинот на фотографирање портрети како и најзначајните имиња од светот на фотографијата кои изработувале портрети.

Обука за фотографирање

Обуката ја спроведе Андон Давчев, тренер за фотоновинарство и фотографија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Обука за фотографирање