Заврши уште еден циклус обука низ работа - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Заврши уште еден циклус обука низ работа PDF Print E-mail
Tuesday, 25 August 2009 10:51

МЦМС веќе неколку години наназад спроведува обука низ работа, како за претставниците на граѓанските организации, така и за други заинтересирани, претежно млади луѓе. Идејата на обуката низ работа е овие луѓе да се запознаат со начинот на функционирање на граѓанските организации, нивните системи и процедури, едноставно одвнатре да го запознаат граѓанскиот сектор.

Заврши уште еден циклус обука низ работа

Освен што се запознаваат со работењето на граѓанските организации, тие практично работејќи на програмите и проектите имаат можност да се здобијат со знаења и вештини во областите на раководење со проектен циклус, институционален развој и организациско јакнење и канцелариско и архивско работење.

Последниот циклус на обука низ работа во МЦМС започна во април оваа година. Петмина кандидати започнаа со тридневна ориентациска програма преку којашто можеа да се запознаат со секторите на работа во МЦМС и програмите коишто се спроведуваат во тие сектори. Дури потоа, тие имаа можност да одберат поле на интерес или каде сакаат да го поминат времето за обука низ работа. Обуката низ работа функционира на принципот на менторство, односно еден вработен во МЦМС му е ментор на еден од обучуваните во текот на целиот негов престој во МЦМС.

„По завршувањето на додипломските студии по Бизнис администрација на Американскиот колеџ во Скопје, ја имав честа и задоволството да волонтирам во една од водечките организации од невладиниот сектор во Македонија. Во текот на тримесечното волонтирање имав можност да се запознаам со активностите и задачите кои ги извршува оваа организација. Особено ми беше драго што имав можност да присуствувам на три обуки организирани од МЦМС, каде што се стекнав со многу корисни информации и алатки, кои сметам дека ќе ми бидат од голема корист во мојот понатамошен професионален развој. Посебно би истакнал дека ми беше задоволство што моето прво работно искуство го стекнав во еден одлично организиран и кохезивен тим кој што во секој момент  настојуваше да ми помогне во моето адаптирање во оваа организација, што всушност беше добар дел од мотивацијата за мојата желба за што поголемо проширување на моите знаења за работењето во невладиниот сектор“, ни кажа Емил Махмутовиќ.

Освен Емил Махмутовиќ, во МЦМС волонтираа и Горан Јордановски, Гоце Гочески, Катерина Тумбовска и Љубица Атовска.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Заврши уште еден циклус обука низ работа