Започнува „Мост“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започнува „Мост“ PDF Print E-mail
Friday, 26 February 2010 13:43

Од 22 до 25 март 2010 година ќе биде реализирана првата од шесте разменски посети меѓу Македонија и Северна Ирска и пограничните подрачја на Република Ирска. Овие разменски посети се дел од проектот Мост – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог, кој МЦМС ќе го спроведува во партнерство со Mediation Northern Ireland (МНИ), од Белфаст.

Започнува „Мост“

Гостите од Северна Ирска освен воведната средба во МЦМС, ќе имаат средби со Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи и Абдилаќим Адеми, вице премиерот задолжен за спроведување на Охридскиот договор, со Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија, со претставник на комисијата за спроведување на санкциите и со членови на Македонската академија на науките и уметностите поврзано со реформите во судскиот систем.

 

Тие ќе ја посетат полициската станица во општина Карпош и полицискиот тренинг центар, а ќе имаат средба во Хелсиншкиот комитет за човекови права и во коалицијата Сите за фер и правично судење.

Во програмата се вклучени и посетите на подрачјето на конфликтот од 2001 година, на полициската станица во Јегуновце и Теарце и на заменикот Народен правобранител во Тетово.

МОСТ е проект за учење и вмрежување и има цел да ги адресираа прашањата на сегрегација преку создавање и развој на меѓународни врски, размена на добри практики и зајакнување на локалните медијатори со меѓународно искуство. Проектот има три столба. МЦМС е вклучен во првиот – транснационална размена на добри практики.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Започнува „Мост“