Трет состанок на ЗКК за граѓанското општество на Македонија и ЕУ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Трет состанок на ЗКК за граѓанското општество на Македонија и ЕУ PDF Print E-mail
Wednesday, 14 July 2010 21:50

На 8 јули 2010 година, во Брисел, се одржа третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет  (ЗКК) на граѓанското општество на Република Македонија и Европската Унија. Нивото на состанокот беше подигнато со присуството на Васко Наумовски, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Џелал Бајрами, министер за труд и социјална политика и Кристијан Хедберг, раководител на одделението за Република Македонија во Европската комисија.

Xhelal_Bajrami003

На состанокот, освен високите гости, зборуваа и Сепо Калио, заменик-претседател на Европскиот економски и социјален комитет, Драган Тилев, советник во постојаната мисија на Македонија во ЕУ, Владимира Дрбалова и Сашо Клековски, со-претседатели на ЗКК.

Освен тоа, беше презентиран и дискутиран Извештајот за транспортната политика.

Состанокот заврши со усвојување на две групи   заклучоци .

Првата се однесува на патот на Македонија кон ЕУ. Присутните изразија жалење заради отсуството на одлука за започнување преговори за членство на РМ во ЕУ во првото полугодие од 2010 година. Тие повикаа на понатамошно ангажирање во преговорите меѓу Македонија и Грција под покровителство на ООН. Потсетија на важноста на визното либерализирање, го поздравија напредокот во постигнувањето на пристапните приоритети и ја потенцираа потребата од продолжување на спроведувањето на реформите во судството и борбата против корупцијата. Во поглед на јавната администрација, ЗКК забележува напредок и го поздравува воспоставувањето на Специјалната група за јавна администрација во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација. Тие го поздравуваат придонесот на Собранието, посебно на Комитетот за европски прашања и на Националниот совет за европски интеграции. ЗКК го потенцира општото  подобрување на законската рамка со новиот Закон за здруженија и фондации, а во делот на социјалниот дијалог, учесниците ги реафирмираа потребите за спроведување на заклучоците усвоени за време на вториот состанок на ЗКК. Членовите на ЗКК го поздравија и донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, но забележаа дека се потребни подобрувања заради заштита од дискриминација на основа на сексуална ориентација. 

Macedonia001

Втората група заклучоци се однесува на транспортната политика. Членовите на ЗКК го поздравија мислењето од Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) за транспортната политика во Западен Балкан и ја нагласија важноста од воспоставување на Транспортна заедница меѓу ЕУ и земјите на Западен Балкан. Тие сметаат дека спроведувањето на договорот може да води кон реформи и реструктуирање на транспортниот сектор во земјите. Затоа ги повикаа Владите да се ангажираат во дијалогот со социјалните партнери и релевантните граѓански организации. Членовите на ЗКК исто така побараа од Владите да направат стратегија за обука на работниците кои може да ги загубат работните места во процесот на реструктуирање на секторот. Тие ја повикаа и Европската комисија да помогне во тој транзициски период преку претпристапните фондови.

Следниот состанок на ЗКК на граѓанското општество на Република Македонија и ЕУ ќе се одржи во почетокот на следната година, во Македонија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Трет состанок на ЗКК за граѓанското општество на Македонија и ЕУ