Канал 5: Во Македонија е релативно ниска општата доверба - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Канал 5: Во Македонија е релативно ниска општата доверба PDF Печати Е-пошта
Сабота, 22 ноември 2008 01:00

Во Македонија е релативно ниска општата доверба и довербата во институциите, покажува најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

plostad-makedonija_luge

Најголема доверба граѓаните имаат во семејството - така се изјасниле дури 97,8% од испитаниците. Најмала, пак, во синдикатите, 20,1%.

Во текот на годинава е регистриран умерен раст на довербата во државата, во која веруваат 48,1%, во Владата 51%, Собранието 38%, политичките партии 29,8% и јавните здравствени организации, во кои доверба имаат 55,1% од граѓаните, покажува истражувањето на МЦМС. Незначителни промени има во довербата на претседателот, во кој веруваат 35,6% од граѓаните, судството, кое има доверба од 21,2%, полицијата со доверба од 56,6%, армијата со 64,6%, локалната самоуправа со 44,7%. Намалување на довербата има во деловниот сектор (47 %), граѓанскиот сектор (41,7%) и во меѓународната заедница (42,8%).

Што се однесува до довербата во граѓанското општество граѓаните имаат најголема доверба во црквите и верските заедници (65,5%). Анкетата покажува дека довербата во професиите е во пораст, особена на професорите (71,1%), лекарите (66,8%) и цариниците (27,3%). Довербата во професорите и лекарите ја надминува довербата во институциите во кои работат.

 

Извор: Канал 5 (22.11.2008)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Канал 5: Во Македонија е релативно ниска општата доверба