Дневник: Расте поддршката за Владата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дневник: Расте поддршката за Владата PDF Печати Е-пошта
Сабота, 22 ноември 2008 01:00
Од државните институции македонските граѓани најмногу и' веруваат на Владата, а најмалку на судството, покажало последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка за довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Според податоците од анкетата, граѓаните највисока доверба имаат во семејството. Индексот на доверба на институциите е 43,9, со раст на довербата во државата, а намалување на довербата во деловниот, граѓанскиот сектор и во меѓународна заедница.

За разлика од минатата година, кога поддршката за Владата била над 44 отсто, годинава процентот е зголемен на 51 отсто. Довербата во Владата е зголемена кај етничките Македонци, а е на исто ниво како и претходно кај етничките Албанци. Нема поголеми промени за поддршката на претседателот на државата која се движи околу 35 проценти, а само три проценти повеќе има поддршка Собранието. Граѓаните имаат најмалку доверба во судството - 21, 2 отсто.

Повеќе од 65 отсто од анкетираните искажале поддршка за образовните институции, а 64 отсто и' веруваат армијата. Полицијата и здравствените организации имаат помала доверба, но нив сепак ги поддржуваат мнозинство од граѓаните. Довербата во јавното здравство е повисока за 6 проценти, кај лекарите за 11 отсто повеќе од лани.

 

Извор: Дневник (22.11.2008)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Дневник: Расте поддршката за Владата