Завршија првите посети за набљудување на актуелните грантист - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Завршија првите посети за набљудување на актуелните грантист PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 јуни 2024 00:00

На почетокот на јуни, тимот на Цивика мобилитас ги посети активните грантисти. Целта на посетите беше да се чујат искуствата од спроведувањето на проектите, да се дознаат предизвиците со кои се соочуваат организациите и евентуално да се дадат препораки онаму каде што е потребно.

Цивика мобилитас става силен акцент на поттикнување на соработката меѓу граѓанските организации и консолидирање на достигнувањата во различни тематски области со цел да се максимизира колективното влијание.

hl 44827541613

Соработниците на Цивика мобилитас имаа можност да слушнат за искуствата од дигиталната трансформација на локално ниво. Воведувањето на интерактивни дигитални платформи им овозможува на граѓаните и локалната власт да комуницираат директно и заеднички да придонесат за подобрување на состојбата во општините каде што живеат. Бесплатните мобилни и веб апликации им овозможуваат на граѓаните, лесно, преку нивните мобилни телефони или компјутери да комуницираат директно со вработените во општините. Ова резултира со поголемо влијание врз активностите на општината и побрза реакција при решавање на проблемите.

 

hl 44827541685

Дел од колегите грантисти, споделија искуства за активности поврзани со зелената агенда, со инклузивниот развој, со здравствените права на ранливите категории граѓани и особено со жените и девојките, со борба против корупцијата итн.

hl 44827541674

 
 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Завршија првите посети за набљудување на актуелните грантист