МЦМС во Советот за статистика - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС во Советот за статистика PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 31 maj 2012 00:00

Даниела Стојанова од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е избрана за член на Советот за статистика на Република Македонија. Собранието во април 2012 г. го избра новиот состав на Советот, во кој се уште 14 други претставници на различни сектори и институции.

DSC04896

Советот за статистика на Република Македонија претставува советодавно и стручно тело на ДЗС со мандат од четири години и се состанува еднаш месечно. Советот расправа, дава мислење и предлози за програмата, стратегијата и извештаите за работа на Државниот завод за статистика (ДЗС), потоа за законски решенија, како и за модернизација и рационализација на државната статистика. Првата конститутивна седница на Советот беше одржана на 28 мај 2012 г., на која членовите се запознаа со делокругот на работа, задолженијата, како и со тековните и идните активности на ДЗС. Следната седница ќе се одржи на крајот од јуни, на која ќе се усвои програмата за работа на Советот и други работни документи.

dzs

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МЦМС во Советот за статистика